МБП-Охрид со учество во проект од Европската Унија

На покана од претседателот на Здружението за Мултикултурна интеграција Инклузија г-ин.Вахид Мемед членови на огранокот на МБП-Охрид учествуваа во проект кој е финансиран од Европската Унија како дел од оперативната програма на човечки ресурси 2007/13 под назив ,, ПРИСТАП ДО ( САМО ) ВРАБОТУВАЊЕ ,, а го спроведе МАКЕДОНСКА РАЗВОЈНА ФОНДАЦИЈА ЗА ПРЕТПРИЈАТИЈА како и ЛОКАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈ НА СТРУГА.

Воедно во ова прилика огранокот на МБП-Охрид договори соработка со преставничката на Агенцијата за развој на Струга г-ѓа Катерина Василеска како и со доцент д-р.Лазар Ѓуров кој воедно и е основач на Институтот за индивидуален и организациски развој ,, СИМБИОТИКА ,, Целта на Проектот ,,Пристап до ( само ) вработување,, е да ги мотивира и зголеми работните вештини за влез на пазарот на труд преку различни видови на обуки : -Низ работа/практиканство За активно барање на работа и за комуникациски вештини -За претприемништво -За технички вештини.

Проектот е со време на траење 12 месеци а по завршувањето на истиот проект се очекува да се придонесе за вклучување на целни групи на пазарот на труд.

Поврзани вести