ДЕНОВИ НА КУЛТУРА ВО ОХРИД

Оваа година во почетокот на летото во гр.Охрид Република Македонија ќе се одржат Деновите за претставување на Бугарскиот фолклор, култура и традиција во Охрид 2017г. Со свечено отварање на 29.07.2017 со почеток во 20:00 часот место летна сцена Долни Сарај. Влезот е слободен ! Организатори се Здружението за Македонско Бугарско Пријателство Охрид,Здружението за култура и уметност АРТ ВИВЕНДИ Македонија и Фондацијата “Жар-С”од Р Бугарија, со поддршка од Бугарскиот културен центар во Македонија и Нов Бугарски универзитет. Целта на настанот е во шпицот на туристичката сезона во Охрид да биде создадена атракција чија цел е да ги запознае гостите и туристите со бугарскиот фолклор, култура и традиција.

Идејата на организаторите е промовирање на традиционалните бугарски народни уметности преку огромните можности на туризмот и медиумите. “Зачувувањето на различноста на главните традиционални вредности и идентитетот на различните националности, е гаранција за еволуцијата на човештвото.” За време на Деновите на претставување на Бугарската култура, фолклор и традиција во Охрид 2017г. составите ќе земат учество во заеднички настани и тоа Официјално отворање; Екскурзии до историски и културни знаменитости на градот Охрид; дефиле; Концертна програма; Вечер на пријателството; Основна задача на организаторите е давањето можност за докажување на креативните колективи, со тоа што на сите учесници ќе им биде доделен Сертификат за учество и подароци за нивно вклучување во една натпреварувачко – уметничка и ревијална програма.

Учесници во Деновите на бугарската култура: 1.Ансамбал Фолклористи град Охрид 2. Северняшки ансамбъл „Иван Вълев“ град Плевен 3. Хор за македонски песни при НЧ „Парашкев Цветков“ – Плевен 4. Певчески състав към съюза на слепите „Феникс“ – София 5. Певчески състав към съюза на слепите „Веселите момчета“ – София 6. Фолклорен танцов клуб “ВАЯ” – Бургас 7. Детски танцов състав към НЧ “Просвета-1940” село Рупите 8. Младежки танцов състав към НЧ “Просвета-1940” село Рупите 9. Певческа група “Сезони” – Своге 10. ТС “Луди млади” село Ценово, община Русе 11.МВГ „Вежен“ при НЧ „Съгласие“ гр. Тетевен 12.Женски танцов състав „Чернивитска магия“ село Черни вит, обл. Ловеч 13.ДТС „Пъстроцвет“ при НЧ „Съгласие“ гр. Тетевен

Поврзани вести