Годишно собрание на Македонско – Бугарската Стопанска Комора 2015

Создавање на балкански продукт и заеднички настап на трети пазари – рецепт за поврзување на бизнис заедниците.

Министерот за економија на Република Македонија учествуваше на редовното Годишно Собрание на Македонско – Бугарската стопанска комора, на кое беше усвоен нов годишен акциски план со поддршка за приоритетните активности и проектите за заеднички инфрастуктурни поврзувања преку вклучување на заеднички компании во нивната изградба.

memorandum-630x289

„Поврзаноста на двете соседни земји, Република Македонија и Република Бугарија, се огледува со политичките цели за добрососедство, континуираното зголемување на обемот на економска соработка, меѓуграничните проекти и поддршката во стратешките проекти за инфраструктурно поврзување меѓу двете земји, како што е поврзувањето со автопат и железничка пруга“,

истакна министерот Незири, додавајќи дека вкупната трговска размена меѓу двете земји за минатата година изнесува 710 милиони долари што претставува раст од 2,7 отсто во споредба со годината претходно и дека Бугарија е 9-ти трговски партнер во надворешно-трговската размена.

Министерот во своето обраќање потенцираше дека Владата на Република Македонија активно учествува во активностите на Македонско-Бугарската стопанска комора, дека ги следи напорите за подобрување на условите за зголемена размена меѓу двете земји и за заеднички настап на трети пазари, поздравувајќи ја идејата за Балкански продукт, како заеднички бренд во глобалната трговија, кој ќе значи и поактивно поврзување на бизнис заедниците. Тој потсети и на проектот „Чаршијата и пријателите“, во чија организација учествуваа членки на комората – општествено одговорни компании, со што беа иницирани културни-бизнис конекции со Скопската чаршија.

mkd-190958

Претседателот на комората Зоре Темелковски истакна дека приоритет на комората е Македонија и Бугарија да ги продлабочат добрососедските односи, меѓуграѓанското разбирање, пријателството и братските средини, повикувајќи ги Владите на двете држави, час поскоро да потпишат Договор за пријателство, како храбар чекор на меѓусебна толеранција и уважување.

Претседателот на Стопанска комора на Македонија, Азески, потенцираше дека веќе почнаа да се  интензивираат активностите меѓу двете држави во поглед на регионалното поврзување, но и дека мора да се вложат повеќе средства за уште подобро поврзување, бидејќи тоа претставува основа за поголема економска соработка.

мк-бг комора

 

„Нашата улога, како комора, продолжува со давање конструктивни идеи и проекти, со насочување на нашата енергија кон нивна реализација и давање на поддршка на евроинтеграциските процеси“, истакна во своето излагање претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Мендерес Кучи.

Покрај споменатите, на собранието се обратија и амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Иван Петков, претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска и потпретседателот на Бизнис алијансата на Косово, Суад Бериша.

Поврзани вести