Бугарската амбасада ги одбележа годишнините од смртта на Христо Ботев и полковник Борис Дрангов

Бугарската амбасада во Скопје ги одбележа 141 година од смртта на големиот бугарскиот поет и револуционер Христо Ботев и 100 годишнината од смртта на славниот бугарски воен теоретичар и полководец полковник Борис Дрангов.

Свежо цвеќе беше положено пред бистата на Христо Ботев во Амбасадата во Скопје и на гробот на полковник Дрангов во градските гробишта Бутел во Скопје. Пригоден говор за ликот и делото на двајцата големи бугарски херои одржа н.е. амбасадорот на Р. Бугарија во Скопје, г-н Иван Петков.

Потпретседателот на здржуението за „Македонско-Бугарско пријателство“, г-нот Ѓеорѓи Трендафилов и секретаторот на здружението г-нот Димче Петкоски, исто така беа присутни на настанот и оддадоа почит на двајцата великани во бугарската историја.

 

Поврзани вести