Бугарската амбасада во Скопје го прослави 24 мај

Бугарската амбасада во Скопје организира коктел по повод 24 мај- денот на бугарската просвета и култура и на словенската писменост. На свеченоста беа присутни голем број гости и пријатели на Р. Бугарија.

Пригоден говор за големината на делото на Св. Кирил и Методиј оддржа неговата екселенција амбасадорот на Република Бугарија во Македонија г-нот Иван Петков. Прославата по повод големиот празник беше уважена од страна на претседателот на здружението за Македонско-Бугарско пријателство, Петар Колев и генералниот секретар, Димче Петкоски.

Во склоп на свеченоста, деца од културно-уметничко друштво од градот Ќустендил (Р.Бугарија) одржаа мини концерт, а исто така беше организирана и изложба на тема “Светите браќа Кирил и Методиј и нивното капитално дело- словенската азбука”.

Коктелот се оддржа во просториите на бугарската Амбасада во Скопје.

 

Во продолжение слики од настанот…..

Поврзани вести