БУГАРИЈА Е НАШ НАЈГОЛЕМ ПАРТНЕР ВО МЕЃУГРАНИЧНАТА СОРАБОТКА

Само годинава Македонија и Бугарија добиле од ЕУ 21 милион евра. Според овој податок нашиот источен сосед е и наш најголем партнер во меѓуграничната соработка.

Според г-ѓа Драгица Здравева, раководител на центар за развој на ИПР, програмата со Бугарија е со највисок процент на искористеност од некаде 92 отсто, за разлика од програмата со Грција, каде што процентот е помал. Здравева го спомна проектот за реконструкција и адаптација на адиминистративната зграда на општина Кочани, кој чини 400 илјади евра и е заеднички проект со општината Благоевград во Бугарија. Исто така тука е и проектот за јавната здравствена установа Клиничка Болница – Штип, во вредност од околу 150 илјади евра. Вкупно Македонија во прекуграничната соработка со Бугарија има 45 проекти, од кои во финансирањето 15 отсто се обезбедени од Македонија, а останатите се од Европската унија и соседна Бугарија.

 

Поврзани вести